Зошто повеќе не можам да поврзам Instagram со мојата Tinder корисничка сметка?
Meta ја отстранува можноста други апликации како Tinder да се поврзат и да прикажуваат фотографии од Instagram.
Од 14 ноември 2024 до 4 декември 2024, Tinder постепено ќе ја отстранува Instagram функцијата од нашата платформа.
Ова значи дека повеќе нема да можеш да го поврзеш Instagram со твојот профил или да ги гледаш фотографиите од Instagram на профилите на другите.
Дали моите фотографии од Instagram сè уште ќе бидат на мојот профил?
Не, твоите фотографии од Instagram се отстранети, но фотографиите кои се вчитани директно на Tinder сè уште се на твојот профил.
Дали можам да го споделам моето корисничко име на Instagram на профилот?
За сечија приватност и безбедност, не е дозволено на профилите да има кориснички имиња од социјални мрежи, согласно со нашите Правила на заедницата. Исто така предлагаме, за побезбедно искуство, да не споделуваш лични податоци, како телефонскиот број или мејлот.
Како може да споделам повеќе за мене на Tinder без Instagram?
Сфаќаме—промените знаат да бидат проблематични. Пробај да ги обновиш твоето био, интереси, детали за начинот на живот или дури и да поврзеш Spotify—ова се одлични начини за другите да те запознаат. Дознај повеќе за тоа како да го уредуваш профилот.
Што ќе се случи со моите податоци поврзани со Instagram?
До јануари 2025, Tinder автоматски ќе ги отстрани сите податоци поврзани со Instagram од твојата корисничка сметка. Не е потребно ниедно дејство—твоите податоци ќе бидат безбедно избришани.