Имам нов телефонски број
Ако не можеш да се најавиш на корисничката сметка зашто ти е сменет телефонскиот број, пробај да го вратиш пристапот до корисничката сметка:
- Отвори ја апликацијата Tinder или оди на Tinder.com
- Допри на Најави се
- Одбери Проблем при најавување?
- Внеси ја твојата е-пошта за да можеме да ти испратиме линк за најава
- Отвори ја е-поштата и одбери Најави се
- Внеси го и потврди го твојот нов телефонски број
Отсега ќе можеш да се најавиш на корисничката сметка на Tinder со новиот телефонски број!
Напомена: Враќањето на корисничката сметка функционира само ако имаш пристап до е-поштата со којашто се имаш регистрирано. Од безбедносни причини, ако немаш пристап до таа е-пошта, не можеме да ти овозможиме пристап до корисничката сметка.
Бел или портокалов екран при најавување
Ако гледаш празен, бел или портокалов екран со логото на Tinder кога ќе ја отвориш апликацијата Tinder за Android, те молиме избриши ја и одново инсталирај ја апликацијата. Вака сигурно ќе ја имаш последната верзија на Tinder, со сите неодамна поправени грешки.
Ако ова не функционира, следи ги чекорите подолу за да го решиш проблемот:
- Отвори го веб-прелистувачот на твојот Android уред
- Оди на Tinder.com и кликни на Најави се
- Одбери Проблем при најавување?
- Внеси ја твојата е-пошта за да можеме да ти испратиме линк за најава
- Отвори ја е-поштата и кликни на Најави се—ова ќе ја отвори апликацијата Tinder
- Во апликацијата, внеси го твојот телефонски број за да го завршиш процесот на најава
Откако успешно ќе се најавиш, би требало да можеш да ја користиш апликацијата Tinder без проблеми.
Гледам код или порака за грешка
Овие совети за решавање проблеми можат да помогнат со општи проблеми при најавување:
- Провери ја поврзаноста на интернет или пробај да се префрлиш од Wi-Fi на интернет од мобилниот телефон и обратно
- Избриши ја и одново инсталирај ја апликацијата за да ја користиш најновата верзија на Tinder
- Користи Tinder.com за да свајпаш на веб
Ти треба повеќе помош? Контактирај нè и опиши го проблемот детално за да можеме да истражиме. Ако има проблем, сакаме да знаеме!