Претплатите и членствата се обновуваат автоматски освен ако не ги откажеш. Бришењето на апликацијата Tinder или корисничката сметка на Tinder нема да ја откаже твојата претплата или членство. За да откажеш, следи ги чекорите подолу.
iOS
Дали бројот на твојата нарачка започнува со МК? Ова значи дека купувањето е направено на апликацијата Tinder за iOS и дека ти наплаќа Apple.
За да откажеш преку iPhone:
- Отвори ги Подесувањата за iPhone
- Допри на твоето име, потоа допри на Претплати
- Одбери ја претплатата или членството што сакаш да го откажеш
- Допри на Откажи ја претплатата
За повеќе насоки или поддршка за откажувањето, обрати се на Поддршката на Apple.
Android
Дали бројот на твојата нарачка започнува со GPA? Ова значи дека купувањето е направено на апликацијата Tinder за Android и дека ти наплаќа Google Play Store.
За да откажеш преку Android:
- Отвори ја апликацијата Google Play
- Во горниот десен агол, допри на профилната икона
- Допри на Плаќања и претплати, а потоа на Претплати
- Одбери ја претплатата што сакаш да ја откажеш
- Допри на Откажи ја претплатата
Имаш потешкотии? Контактирај со Поддршката на Google Play за повеќе помош.
Ако имаш купено користејќи ја опцијата за директно плаќање со кредитна картичка на Android или Paypal:
- Отвори ја апликацијата Tinder за Android
- Допри на профилната икона
- Одбери Управувај со сметката за плаќање
- Најди ја претплатата или членството што сакаш да го откажеш
- Допри на Откажи ја претплатата или Членството
Tinder Online (Tinder.com)
Дали бројот на твојата нарачка започнува со TNDR? Ова значи дека купувањето е направено на Tinder.com или на апликацијата Tinder за Android со опцијата за директно плаќање со кредитна картичка.
За да ја откажеш претплатата:
- Оди на Tinder.com и најави се на твојата корисничка сметка
- Допри на профилната икона
- Одбери Управувај со сметката за плаќање
- Најди ја претплатата или членството што сакаш да го откажеш
- Допри на Откажи ја претплатата или Членството
Имаш технички проблеми? Те молиме контактирај нè и кажи ни каков проблем имаш за да можеме да помогнеме.
Општи напомени за откажувањето
Откако ќе ја откажеш претплатата или членството, ќе можеш да ги користиш преостанатите денови од претплатата. Со откажувањето, плаќањата за претплата или членство не може ретроактивно да се рефундираат, а претходно платените износи не се враќаат пропорционално според датумот на откажување. Ако имаш повеќе од една претплата/членство, секоја ќе има свој датум на обновување и ќе треба да се откаже посебно.