НАПОМЕНА: Моментално се повлекува Tinder SELECT. Ако си член на SELECT, ќе имаш добиено е-пошта и порака во апликацијата за оваа промена. За оние кои не се членови, пријавите се затворени.
Што е Tinder SELECT?
SELECT е ексклузивно членство на Tinder што ти дава незаменлив пристап до апсолутно најдоброто од Tinder.
Со Tinder SELECT добиваш пристап до овие уникатни поволности:
- Директни пораки: До 2 пати неделно, можеш некому да испратиш порака без претходно да се споите. Имај предвид дека можеш да испраќаш директни пораки само преку делот „Историја на лајкови“, не можеш да испратиш супер лајк во исто време и некои корисници може да оневозможат примање на директни пораки.
- Прескокни го редот: Луѓето што ги лајкнуваш ќе можат да го видат твојот профил незаматен во нивната листа на профили во „Те лајкна“, дури и ако немаат претплата на Tinder Gold или Platinum. Исто така, твојот профил ќе остане приоритизиран 7 дена во нивната листа со профили во „Те лајкна“.
- Привилегиран статус: Покажи им на сите дека си член со ексклузивниот беџ SELECT. Ако не сакаш да го додадеш овој беџ на твојот профил, можеш да ја оневозможиш оваа опција во подесувањата.
- Режим SELECT: Види ги и нека те видат најбараните профили на Tinder, за да уживаш во уште поизвонредни врски.
- VIP искуство: Местата за членство се ограничени на помалку од 1% од нашите корисници за со сигурност да го добиеш најексклузивното искуство.
Исто така, ќе можеш да ги сокриеш рекламите и да ги видиш лајковите што ги имаш испратено во последните 7 дена. Напомена: Пволностите на членството SELECT се достапни само на апликацијата Tinder, не и на Tinder.com.
Членството во Tinder SELECT може да се надополнува со претплата на Tinder Plus®, Gold™, или Platinum™ за да го извлечеш максимумот од Tinder.
Напомена: За разлика од претплатите, членството SELECT не може да се врати на друга корисничка сметка.