Ако ги прекршиш нашите Услови за користење, Правила на заедницата или Политики, можеме да преземеме мерки против твојата корисничка сметка на Tinder. Во зависност од прекршокот, можеме да го отстраниме твојот профил од Tinder, да издадеме предупредување и/или да отстраниме содржина од твојот профил. Ако сметаш дека сме презеле мерки по грешка, можеш да поднесеш жалба преку Центарот за жалби.
Прекршоци кои може да се обжалат
Можеш да пристапиш до Центарот за жалби со истите детали за најава како за твојата корисничка сметка на Tinder. Во Центарот за жалби ќе видиш преглед на сите мерки што можеш да ги обжалиш. Можеш да допреш на Види детали за да дознаеш повеќе за одреден прекршок.
Ако не гледаш одреден прекршок што сакаш да го обжалиш или не ја гледаш опцијата за да поднесеш жалба, тоа значи дека тој прекршок не може да се обжали. Ова може да биде поради една или повеќе од следниве причини:
- Мерката била преземена пред да се воведе Центарот за жалби. Само мерките преземени откако имаш добиено пристап до Центарот за жалби може да се обжалат преку него.
- Мерката не ги исполнува условите за мерки кои може да се обжалат. Во моментов, само предупредувањата, отстранувањата на содржина и забраните за пристап може да се обжалат преку Центарот за жалби.
- Мерката била преземена пред повеќе од 6 месеци. Можеш да поднесеш жалба во рок од 6 месеци откако се преземени мерки против твојата корисничка сметка.
- Веќе го имаш обжалено овој прекршок. Само еднаш можеш да поднесеш жалба против прекршок. Можеш да ги најдеш сите прекршоци што веќе ги имаш обжалено во делот Обжалени прекршоци.
Како да поднесеш жалба
Следи ги овие чекори за да поднесеш жалба:
- Во Центарот за жалби, пронајди го прекршокот што сакаш да го обжалиш и избери го.
- Допри на Започни жалба.
- Допри на Поднеси жалба.
Ако сакаш да обжалиш повеќе прекршоци, провери дали сите се избрани кога ќе ја поднесеш жалбата.
По жалбата
Откако ќе го обжалиш твојот прекршок, тој се преместува во делот Обжалени прекршоци и ќе видиш назнака Се разгледува до прекршокот. Кога ќе ја разгледаме твојата жалба, оваа назнака ќе се ажурира во одобрена или одбиена, во зависност од исходот од жалбата.
- Ако назнаката покажува дека твојата жалба е одобрена, тоа значи дека прекршокот што го имаш обжалено е поништен. Во зависност од прекршокот што го имаш обжалено, ние ја имаме вратено твојата корисничка сметка, го имаме поништено предупредувањето и/или ја имаме вратено твојата содржина.
- Ако назнаката покажува дека твојата жалба е одбиена, тоа значи дека прекршокот што го имаш обжалено е повторно потврден. Во зависност од прекршокот што го имаш обжалено, ние нема да ја вратиме твојата корисничка сметка, нема да го поништиме предупредувањето и/или нема да ја вратиме твојата содржина.
Ако видиш нов прекршок во Центарот за жалби, тоа значи дека за време на прегледот откривме дополнителен/и прекршок/ци на нашите Услови за користење или Правила на заедницата. Можеш да ги обжалиш новите прекршоци преку Центарот за жалби.
Ако ти треба појаснување за некој од поимите користени во Центарот за жалби, прочитај ја оваа статија во Центарот за помош.