Нашата функција Фото-увид помага да се создаде поперсонализирано искуство за тебе на Tinder.
Како функционира Фото-увид
Ги анализираме твоите профилни фотографии—тие што веќе ги имаш додадено и сите што ќе ги додадеш во иднина—и чуваме поврзани тагови за увид во твоите фотографии со што би ти го подобриле искуството на Tinder. Овие тагови ни помагаат подобро да ги разбереме твоите интереси, начин на живот и преференции, со што можеме да ти овозможиме поперсонализирано искуство.
Отстрани ги таговите од функцијата Фото-увид
Технологијата не е совршена и нема секогаш да биде како што сакаме. Ако сакаш да отстраниш неколку или сите тагови поврзани со твоите фотографии, следи ги овие чекори:
- Отвори ја апликацијата Tinder
- Допри на профилната икона
- Оди во Поседувања
- Листај до податоците од фотографиите
- Допри на „Управувај со податоците од фотографиите“
- Избери „Управувај со таговите за фотографиите“
- Допри на „x“ до сите поединечни тагови што сакаш да ги отстраниш или допри на „Отстрани ги сите“ за да ги отстраниш сите тагови кои се моментално поврзани со твојата корисничка сметка
Напомена: бирањето на опцијата „Отстрани ги сите“ не ја оневозможува функцијата Фото-увид за новите фотографии кои ќе ги додадеш на корисничката сметка.
Како да ја оневозможиш функцијата Фото-увид и да ги избришеш твоите податоци
Оваа функција е изборна и можеш да ја оневозможиш во секое време. Оневозможувањето на оваа функција автоматски ќе ги отстрани постоечките тагови поврзани со твоите профилни фотографии. Следи ги овие чекори за да ја оневозможиш:
- Отвори ја апликацијата Tinder
- Допри на профилната икона
- Оди во Поседувања
- Листај до податоците од фотографиите
- Допри на „Управувај со податоците од фотографиите“
- Оневозможи ја опцијата „Користи податоци од фотографиите“
Како функцијата Фото-увид ги користи твоите податоци
Таговите кои ги генерираме од твоите профилни фотографии се користат за да генерираме увиди што ќе ни помогнат да дознаеме повеќе за тебе. Овие увиди се користат за да објасниме зошто одредени препораки може да се порелевантни за тебе. Генерираните тагови се целосно во твоја контрола. Кога ги отстрануваш таговите што не се релевантни за тебе, помагаш да ги подобриме овие препораки, со што ќе имаш уште поперсонализирано искуство на Tinder.
Таговите од Фото-увид поврзани со твојот профил ќе останат активни сè додека не се избришат и додека ти е отворена корисничката сметка. Ако ги отстраниш таговите од твојот профил или ја избришеш корисничката сметка, претходно поврзаните тагови ќе бидат избришани во согласност со нашата Политика на приватност.
Прегледај ја нашата Политика на приватност за да дознаеш повеќе за нашити практики за приватност, влучувајќи го делот Твоите права. Исто така, можеш да го посетиш и нашиот Центар за помош за да дознаеш како да побараш копија од твоите податоци.
Повеќе помош
Ако ти треба повеќе помош со функцијата Фото-увид, пиши ни повеќе детали и со задоволство ќе ти помогнеме.