За да користиш Tinder треба да имаш најмалку 18 години. Ако си корисник на Tinder лоциран во Јапонија, од тебе ќе биде побарано да ја потврдиш возраста и да докажеш дека го исполнуваш овој услов, во согласност со локалните закони.
ПРВ ЧЕКОР
Подготви еден од следниве видови документи за идентификација:
ВТОР ЧЕКОР
Фотографирај го документот за идентификација со целосен приказ
Ако се работи за јапонски пасош, возачка дозвола или здравствена картичка, гледај сликата да не биде делумно скриена, делумно исечена или недоволно јасна.
Ако се работи за пасош кој не е јапонски, гледај и да ги вклучиш целите две страници со сите 4 агли и потписот.
ТРЕТ ЧЕКОР
Откако ќе се вчита документот за идентификација, процесот не треба да трае долго!
Откако ќе се прегледа документот за идентификација ќе добиеш известување во апликацијата. Ако документот за идентификација е одобрен, ќе можеш да разговараш со твојот спој.
Приватноста на нашите корисници ни е главен приоритет
Откако ќе го поднесеш документот за идентификација, Tinder ќе го користи само за да ја потврди твојата возраст. Заради осигурување на квалитет, може да го зачуваме твојот документ за идентификација или информации за него (на пример, видот на документот што си го доставил/а) до 90 дена по потврдување на возраста. По овој период, ќе ги зачуваме само резултатите од верификацијата – ако успешно потврдиш дека имаш 18 години или повеќе, ќе треба да го евидентираме тоа за да ти овозможиме да разговараш со твоите споеви.