Submit a request
Здраво, мило ни е што дојде и тука сме да помогнеме!
Имаш прашање за тоа како функционира Tinder? Види ги нашите ЧПП. Тој дел е полн со информации за нашиот производ, политики, заедница и основни совети за решавање проблеми.
Жал ни е што имаш проблем со Tinder!
Би ни било од помош ако одвоиш време да го опишеш твојот проблем подолу, но пред да го направиш тоа, обиди се да ја избришеш и повторно да ја инсталираш апликацијата Tinder. Вака се решаваат многу од техничките проблеми, а и вака сигурно ќе ја користиш најновата (и најдобрата) верзија на Tinder.
Ако сè уште имаш проблеми, сподели со нас колку што можеш повеќе детали за проблемот користејќи го образецот подолу и ако е можно вклучи слики од екранот кои го прикажуваат проблемот.
Tinder забранува пристап на кориснички сметки како мерка против прекршувањето на нашите Услови за користење или Правила на заедницата.
Ако сметаш дека на твојата корисничка сметка ѝ бил забранет пристап по грешка, можеш да поднесеш жалба преку Центарот за жалби. За упатства за поднесување жалба, посети го нашиот Центар за помош.
Ако ти треба помош за нешто друго поврзано со забраната за пристап на твојата корисничка сметка, пополни го образецот подолу.
Ако ти бил забранет пристап, сме те предупредиле и/или сме отстраниле содржина од твојот профил, значи дека сме увиделе прекршок на нашите Услови за користење или Правила на заедницата.
Ако сметаш дека сме презеле мерки по грешка, можеш да поднесеш жалба. За да поднесеш жалба, посети го Центарот за жалби со истите детали за најава како за твојата корисничка сметка на Tinder. Ако сакаш да дознаеш повеќе за процесот за обжалување на Tinder, посети го нашиот Центар за помош.
Ако го немаш веќе направено ова, провери дали ја користиш последната верзија на Tinder достапна во App Store или Google Play Store.
Ако не можеш да се најавиш затоа што го имаш сменето телефонскиот број или имаш изгубено пристап до твојата корисничка сметка на Facebook, можеме да помогнеме со користење на твојата е-пошта за враќање пристап до корисничката сметка. Те молиме следи ги чекорите подолу:
- Оди на Tinder.com
- Допри на Најави се
- Одбери ја опцијата Проблем при најавување?
- Допри на Најави се со е-пошта
- Внеси ја е-поштата со којашто ти е поврзана корисничката сметка на Tinder
Ако не можеш да се најавиш на корисничката сметка поради технички проблем, слободно извести нè подолу.
Ако не можеш да се најавиш затоа што го имаш сменето телефонскиот број или имаш изгубено пристап до твојата корисничка сметка на Facebook, можеме да помогнеме со користење на твојата е-пошта за враќање пристап до корисничката сметка. Те молиме следи ги чекорите подолу:
- Оди на Tinder.com
- Допри на Најави се
- Избери ја опцијата Проблем при најавување?
- Допри на Најави се со е-пошта
- Внеси ја е-поштата поврзана со твојата корисничка сметка на Tinder
Ако имаш технички проблем со верификација преку е-пошта или SMS, слободно извести нè подолу.
Жал ни е што нè напушташ! За да ја избришеш корисничката сметка треба да имаш пристап до неа. Можеш да ја избришеш корисничката сметка со најавување на апликацијата Tinder за iOS или Android, Tinder.com, или порталот за управување со кориснички сметки на Tinder.
Ако се имаш најавено на Tinder, бришењето на твојата корисничка сметка е едноставно: допри на профилната икона во горниот лев агол > Подесувања > листај надолу и допри на Избриши ја корисничката сметка > потврди.
Ако не можеш да пристапиш до твојата корисничка сметка, те молиме пополни го образецот подолу.
Во овој случај, многу е важно да нè контактираш преку е-поштата со која е поврзана твојата корисничка сметка на Tinder. Напомена: Доколку не нè контактираш преку оваа е-пошта, можеш да ја отежнеш или целосно да ја спречиш нашата можност за обработка на твоето барање.
Ако не можеш да се најавиш затоа што го имаш сменето телефонскиот број или имаш изгубено пристап до твојата корисничка сметка на Facebook, можеме да помогнеме со користење на твојата е-пошта за враќање пристап до корисничката сметка.
- Оди на Tinder.com
- Допри на Најави се
- Одбери ја опцијата Проблем при најавување?
- Допри на Најави се со е-пошта
- Внеси ја е-поштата со којашто е поврзана твојата корисничка сметка на Tinder
Ако не можеш да пристапиш до твојата корисничка сметка и сакаш да ти помогнеме да ја избришеш, те молиме пополни го образецот подолу. Во овој случај, многу е важно да нè контактираш преку е-поштата со која е поврзана твојата корисничка сметка на Tinder, поради безбедносни причини. Напомена: Доколку не нè контактираш преку оваа е-пошта, можеш да ја отежнеш или целосно да ја спречиш нашата можност за обработка на твоето барање.
Ако имаш технички проблем при регистрација на Tinder, извести нè подолу.
Здраво! Ако имаш купено со Apple ID, имај предвид дека Apple одговара на барањата за рефундација, а не Tinder.
За да побараш рефундација од Apple, посети ја Поддршката на Apple или следи ги чекорите подолу:
- Отвори iTunes на твојот компјутер
- Кликни на твојот Apple ID
- Избери „Историја на купувања“
- Најди ја трансакцијата за која бараш рефундација и допри на „Пријави проблем“
Ако имаш купено со твојот Android уред, со задоволство ќе го разгледаме твоето барање за рефундација, но бараме да ни дадеш повеќе информации подолу.
Внеси ја причината за твоето барање за рефундација во описот.
Напомена: Барањата за рефундација може да се прифатат само ако се поднесени во рок од 14 дена од датумот на трансакција.
Ако имаш купено на Tinder.com, со задоволство ќе го разгледаме твоето барање за рефундација, но бараме да ни дадеш повеќе информации подолу. Внеси ја причината за твоето барање за рефундација во описот.
Напомена: Барањата за рефундација се прифаќаат само ако се поднесени во рок од 14 дена од датумот на трансакција.
Ако имаш купено претплата на Tinder користејќи го твојот Apple ID, ќе треба да ја откажеш претплатата директно на твојот iOS уред. Следи ги чекорите подолу:
- Оди во подесувањата за iOS
- Најди ги и избери ги iTunes и App Store
- Допри на Apple ID (твојата е-пошта на Apple ID)
- Допри на Прикажи Apple ID
- Најави се ако треба
- Листај надолу и допри на Претплати
- Избери Tinder и допри на Откажи претплата
Треба да можеш да го видиш крајниот датум на твојата претплата на овој екран. За повеќе детали, прегледај ја оваа статија за поддршка на Apple.
Напомена: Откако ќе ја откажеш твојата претплата, ќе можеш да ја користиш за преостанатите денови за кои веќе имаш платено. Откажувањето на твојата претплата нема ретроактивно да ги рефундира плаќањата за претплата, а претходно платените износи не се враќаат пропорционално според датумот на откажување. Бришењето на апликацијата и/или корисничката сметка не ја откажува твојата претплата.
Ако се имаш претплатено на Tinder Plus или Tinder Gold користејќи го твојот Android уред , чекорите за откажување ќе се разликуваат во зависност од начинот на плаќање.
Ако се имаш претплатено користејќи ја твојата корисничка сметка на Google Play Store:
- Отвори ја апликацијата Google Play Store
- Користејќи го левото мени, избери Корисничка сметка
- Оди во Претплати и избери Tinder
- Допри на Откажи или Отпиши се
- Потврди
Ако се имаш претплатено користејќи ја опцијата за плаќање со кредитна картичка на Android:
- Отвори ја апликацијата Tinder за Android
- Допри ја профилната икона на горниот дел од главниот екран
- Избери Управување со сметката за плаќање
- Допри на Откажи претплата
Напомена: Откако ќе ја откажеш претплатата, ќе можеш да ја користиш претплатата на Tinder Plus или Tinder Gold за преостанатите денови за кои веќе имаш платено. Откажувањето на твојата претплата нема ретроактивно да ги рефундира плаќањата за претплата, а претходно платените износи не се враќаат пропорционално според датумот на откажување. Бришењето на апликацијата и/или корисничката сметка не ја откажува твојата претплата.
Имаш проблеми со откажувањето? Извести нè подолу.
Ако се имаш претплатено на Tinder Plus или Tinder Gold на <a href="https://tinder.com/”>Tinder.com, може да ја откажеш претплатата следејќи ги чекорите подолу:
- Оди на Tinder.com
- Допри на профилната икона на горниот дел од главниот екран
- Оди во Управување со корисничка сметка
- Или оневозможи Автоматско обновување или избери ја опцијата Откажи
Напомена: Откако ќе ја откажеш твојата претплата, ќе можеш да ја користиш за преостанатите денови за кои веќе имаш платено. Откажувањето на претплатата нема ретроактивно да ги рефундира плаќањата за претплата, а претходно платените износи не се враќаат пропорционално според датумот на откажување. Бришењето на апликацијата и/или корисничката сметка не ја откажува твојата претплата.
Имаш проблем со откажувањето? Пријави подолу.
Жал ни е што имаш проблем со купувањето!
Ако го немаш ова веќе направено, те молиме обиди се да го вратиш купувањето - ова обично функционира:
- Отвори Tinder
- Допри ја профилната икона на горниот дел од главниот екран
- Оди во Подесувања
- Листај надолу и избери Враќање на купувањето
Сè уште имаш проблеми? Извести нè подолу.
Ако имаш активна претплата на Tinder што апликацијата не ја препознава, провери дали ја користиш најновата верзија на Tinder и следи ги чекорите подолу за да ја вратиш купената претплата:
- Отвори Tinder
- Допри на профилната икона на горниот дел од главниот екран
- Оди во Подесувања
- Листај надолу и избери Врати го купувањето
Напомена: Со враќање на купувањето нема повторно да ти се наплати. Само ќе се врати постоечката, активна претплата на Tinder
Ако наидеш на проблем додека го враќаш купувањето, извести нè подолу и додај опис или слика од екранот со пораката за да ја опишеш грешката што ја гледаш.
Жал ни е што имаш проблем со купувањето! Ако го немаш ова веќе направено, провери дали ја користиш последната верзија на Tinder достапна во App Store или Google Play Store и обиди се повторно.
Ако проблемот продолжи, те молиме пријави го подолу.
Жал ни е за ова!
Ако некој ја злоупотребил твојата кредитна картичка за да купи нешто на Tinder, пополни го образецот подолу за да можеме веднаш да ти помогнеме.
Ако се имаш претплатено на Tinder или случајно имаш купено претплата и сакаш да ги запреш периодичните наплати за претплатата, можеш да ја откажеш во секое време следејќи ги чекорите што се наоѓаат овде. За да побараш рефундација, врати се на почетокот на овој образец и избери Помош при наплата и плаќање > Сакам да побарам рефундација.
За да пријавиш некого во апликацијата: Отвори го профилот на корисникот > листај надолу > избери ја опцијата „Пријави“
За да пријавиш некого преку е-пошта: Те молиме пополни го образецот подолу. Во описот, доколку е можно, вклучи ги следните информации:
- Детали за инцидентот што го пријавуваш
- Локација на овој профил (град, држава, регион, итн.)
- Точно име, возраст и биографија што се појавуваат на профилот
Ако имаш слики од екранот од профилот на корисникот кои вклучуваат фотографии и други релевантни информации, те молиме прикачи ги подолу. Колку повеќе детали можеш да дадеш, толку побрзо ќе можеме да го идентификуваме и истражиме наведениот корисник.
Напомена: Со пријавување, нè овластуваш да ги прегледаме сите релевантни информации, вклучително и разменети пораки, информации за профилот итн. Ќе ги прегледаме само информациите кои се потребни за да преземеме соодветни мерки. Твојата пријава и идентитетот ќе останат доверливи.
Твојата безбедност ни е важна. Ако ти или некој што го познаваш е во непосредна физичка опасност, те молиме контактирај ги локалните власти за помош што поскоро.
Твојата безбедност ни е важна. Ако ти или некој што го познаваш е во непосредна физичка опасност, те молиме контактирај ги локалните власти за помош што поскоро.
Некој лажно се претставува како личност што ја познавам:
Само личноста во чие име лажно се претставуваат може да ни поднесе пријава по е-пошта, но ти можеш:
Ако личноста во чие име лажно се претставуваат е некој што си овластен/а да го застапуваш (т.е. твое дете, клиент итн.), те молиме пријави ни го профилот со пополнување на образецот подолу.
Некој лажно се претставува во мое име:
Ако некој направил профил на Tinder и лажно се претставува во твое име, те молиме пополни го формуларот подолу.
Во описот вклучи ги следните информации:
Слики од екранот се исклучително корисни во вакви случаи. Идеално, прикачи слика од екранот на профилот на која има име/возраст/био. Што повеќе детали имаме, толку побрзо ќе можеме да го идентификуваме и истражиме овој профил.
Напомена: Со пријавување, нè овластуваш да ги прегледаме сите релевантни информации, вклучително и разменети пораки, информации за профилот итн. Ќе ги прегледаме само информациите кои се потребни за да преземеме соодветни мерки. Твојата пријава и идентитет ќе останат доверливи.
No problem! Our team would be happy to investigate and help out.
Ако сметаш дека некој е во непосредна или физичка опасност, те молиме контактирај со локалната полиција за помош.
Ако ти или некој што го познаваш чувствува емотивна вознемиреност или има самоубиствени нагони, има луѓе кои можат да помогнат, да сослушаат и да советуваат за сè со кое се соочуваш.
- Во САД: Јави се на Националната линија за спречување самоубиства на 1-800-273-TALK (8255), ова е 24-часовна, бесплатна и анонимна телефонска линија за спречување самоубиства.
- Остатокот од светот: Те молиме посети ја веб-локацијата на Меѓународната асоцијација за спречување самоубиства, за да пронајдеш ресурси и кризни центри низ светот.
Ако сакаш директно кај нас да изразиш загриженост за безбедноста, те молиме пополни го образецот подолу.
Напомена: Со пријавување, нè овластуваш да ги прегледаме сите релевантни информации, вклучително и разменети пораки, информации за профилот итн. Ќе ги прегледаме само информациите потребни за да преземеме соодветни мерки. Твојата пријава и идентитет ќе останат доверливи.
Ако се најавиш на Tinder со телефонски број: од безбедносни причини, потребна е верификација преку SMS при најава. Друг корисник не може да пристапи до твојата корисничка сметка освен ако не добие пристап до твојот телефон, телефонски број и/или еден од кодовите за верификација преку SMS што се испратени на твојот телефонски број. Ако некој успеал да добие неовластен пристап до твојата корисничка сметка, предлагаме да го вратиш пристапот со помош на опцијата за добивање повторен пристап до корисничката сметка:
- Оди на Tinder.com
- Допри на Најави се
- Избери ја опцијата Проблем при најавување?
- Допри на Најави се со е-пошта
- Внеси ја е-поштата поврзана со твојата корисничка сметка на Tinder
Сè уште ти треба помош? Слободно кажи ни подолу.
Напомена: Со пријавување, нè овластуваш да ги прегледаме сите релевантни информации, вклучително и разменети пораки, информации за профилот итн. Ќе ги прегледаме само информациите кои се потребни за да преземеме соодветни мерки. Твојата пријава и идентитет ќе останат доверливи.
За да побараш копија од твоите лични податоци, прегледај ја алатката „Управување со мојата корисничка сметка“ на Tinder, безбедно најави се на твојата корисничка сметка, кликни на „Преземи ги моите податоци“ и внеси ја твојата е-пошта.
Ќе добиеш линк за преземање на твоите податоци во твојата е-пошта во рок од неколку дена. За твоја приватност и безбедност, овој линк ќе истече 24 часа по испраќање на мејлот.
Голем дел од информациите што ќе ги добиеш преку алатката „Управување со мојата корисничка сметка“ веќе ти се достапни преку апликацијата—како твојата е-пошта, телефонскиот број, профилната фотографија (или фотографии), пораки и преференции— и може да се разликуваат во зависност од начинот на кој имаш користено Tinder. Општо земено, овие информации вклучуваат содржина и фотографии што ни ги имаш дадено, директно или преку твоите кориснички сметки на друштвените мрежи, како и пораки што ги имаш испратено и други податоци што се вообичаени за друштвени мрежи како што е Tinder.
Ако ја имаш избришано корисничката сметка на Tinder, нема да можеш да пристапиш до алатката „Управување со мојата корисничка сметка“, бидејќи веќе немаш корисничка сметка. Наместо тоа, можеш да поднесеш барање со избирање на „Имам друго прашање за моите податоци“ од листата со опции на нашиот формулар за контакт. Откако ќе ја избришеш корисничката сметка, твоите податоци се отстрануваат во согласност со нашата Политика на приватност.
За повеќе информации, посети го делот Како да побарам копија од нашите лични податоци? од нашите ЧПП.
Доколку ти е потребна помош или имаш прашања во врска со податоците што ги добиваш, можеш да поднесеш барање со избирање на опцијата „Имам друго прашање во врска со моите податоци“ во формуларот за контакт или со одговарање на е-поштата што ја добив од нашиот тим за поддршка. За информации за тоа како да контактираш со Канцеларијата за заштита на податоци на Tinder, погледни ги ЧПП.
Некои од твоите прашања можеби се веќе одговорени во нашата Политика на приватност или ЧПП.
Ако не го најдеш тоа што го бараш, слободно контактирај нè подолу.
This form is intended for individuals located in the United States who are reporting Non-Consensual Intimate Images (NCII) or deepfakes under the U.S. TAKE IT DOWN Act (Public Law 119-12). If you are located in the United States and are reporting NCII or deepfakes on our platform, please use this form to provide as much information as possible.
Note: If you are not located in the United States, or if you wish to report content other than NCII or deepfakes, please use our in-product reporting tools or this contact form.
To help us locate and remove the content you are reporting as quickly as possible, please complete all required fields and provide as much detail as possible regarding the reported content. If possible, include screenshots, profile information, or links associated with the content. If you are submitting a report on behalf of another individual, please indicate your relationship to that individual or your authorization to act on their behalf.
We will contact you if more information is needed to process your report.
Have a thought? We'd love to hear it!
While we do review and track these reports, please note that we may not reply to every one of you individually. However, you can trust that your feedback is heard, escalated whenever necessary, and helps us improve the Tinder experience for everyone!
Note: By reporting, you authorize us to review all relevant information, including exchanged messages, profile information, etc. We will only review sufficient information to take appropriate action. Your report and identity will remain confidential.
Ако твое дело заштитено со авторски права е објавено на Tinder без овластување, можеш да поднесеш барање за отстранување содржина поради повреда на авторските права користејќи го овој образец.
Само носителот на авторските права или неговиот овластен застапник (на пр. адвокат) може да пријави наводно прекршување на авторските права. Ако не си носител на авторските права или овластен застапник, твојата пријава нема да биде обработена. Злоупотребата на овој образец, како што е поднесување барања за отстранување на содржина што не ја поседуваш, може да резултира со прекинување на твојата корисничка сметка на Tinder.
Напомена за лажно претставување: ако некој во твое име направил корисничка сметка на Tinder, те молиме од горното мени со опции пријави под „Некој лажно се претставува во мое име“. Поддршката може да биде одложена ако користиш образец за отстранување содржина што е заштите со авторки права.
This form is intended for individuals located in the European Economic Area (EEA), and/or authorized Trusted Flaggers under Article 22 of the Digital Services Act (DSA). If you belong to either of these categories, you can use this form to report content on Tinder that you believe is illegal in the EEA.
Note: If you're not located in the EEA, not an authorized Trusted Flagger, or you wish to report content for reasons other than its legality, please use our in-product reporting tools or this contact form.
To ensure a thorough and efficient review of your report, please complete all required fields. Provide detailed descriptions of the content and explain why you consider it to be unlawful. If possible, attach a screenshot of the profile associated with the content. If you’re a Trusted Flagger, please use your organizational email address to complete the form.