Споевите се вчитуваат премногу долго
Фотографиите на моите споеви не се вчитуваат.
Исчезнаа 1 или неколку споеви
Ако само 1 или неколку од твоите споеви имаат исчезнато, тие или го имаат отстрането спојот со тебе или ја избришале корисничкаta сметка на Tinder. Ако ја избришале корисничкаta сметка и решиле да се вратат на Tinder, може пак да се појават во Пронаоѓање.
Сите мои споеви исчезнаа
Ова може да биде привремено, затоа те молиме обиди се повторно подоцна. Ако сè уште не гледаш ниеден од твоите споеви, најдобро е да се одјавиш и повторно да се најавиш на апликацијата:
- Отвори Tinder
- Допри на профилната икона
- Оди во Подесувања
- Листај надолу и допри на Одјави се
Нема нови споеви
Не е важно кој си или како изгледаш — потребно е време и труд за да се воспостави врска. Не е секогаш инстантно, не е секогаш постојано, и не се работи секогаш за тебе. Можеби ти требаат само неколку совети за да те забележат:
- Освежи го профилот со ажурирање на биографијата и фотографиите
- Овозможи ја функцијата „Smart селекција на слики“ за да знаеш дека секогаш прва се прикажува твојата фотографија која добила најмногу лајкови
- Поврзи ги твоите кориснички сметки на Insta и Spotify за потенцијалните споеви да можат да видат и слушнат повеќе за тебе
Добрата вест? Само прашање на време е кога ќе се поврзеш со нова личност.
Споевите се вчитуваат премногу долго
Ако твоите споеви не се вчитуваат целосно, еве неколку чекори што можеш да ги пробаш за решавање на проблемот:
- Провери дали имаш добра поврзаност на интернет — пробај да се префрлиш од Wi-Fi на интернет од мобилниот телефон и обратно, за да провериш дали проблемот е во тоа.
- Избриши ја и одново инсталирај ја апликацијата. Вака не само што ќе ја имаш последната верзија на Tinder, туку и ќе се освежи твоето искуство на апликацијата!
- Ако ја користиш апликацијата Tinder за iOS или Android, пробај ја веб-локацијата Tinder.com.
Фотографиите на моите споеви не се вчитуваат
Ако 1 или повеќе од фотографиите на твоите споеви не се вчитуваат, пробај да се одјавиш и повторно да се најавиш.
- Отвори Tinder
- Допри на профилната икона
- Оди во Подесувања
- Листај надолу и допри на Одјави се
Овие совети треба да помогнат, но ако не помогнат, најверојатно имаме некои технички проблеми и го цениме твоето трпение додека го решаваме проблемот.