Без разлика дали го пронајде твојот спој или само ти треба пауза, еве како можеш да ја откажеш претплатата и да избегнеш идни трошоци.
Купувања на iOS
Ако бројот на твојата нарачка започнува со МК, ова значи дека купувањето е направено на апликацијата Tinder за iOS и дека ти наплаќа Apple.
За да откажеш на твојот Apple уред:
- Отвори ги Подесувањата
- Допри на твоето име на врвот
- Допри на Претплати
- Најди ја и одбери ја претплатата што сакаш да ја откажеш
- Допри на Откажи ја претплатата
Ако ти треба дополнителна помош, обрати се до Корисничката поддршка на Apple за повеќе информации.
Имај предвид: На одредени пазари се воведуваат опции за плаќање преку Apple Pay и веб. Ако се имаш претплатено на 1 од овие начини, погледни ги инструкциите под Купувања на Tinder.com.
Купувања на Android
Ако бројот на твојата нарачка започнува со GPA, се имаш регистрирано преку апликацијата Tinder за Android и ти наплаќа Google Play Store.
За да откажеш на твојот Android уред:
- Отвори ја апликацијата Google Play
- Допри на твојата профилна икона во горниот десен агол
- Оди до Плаќања и претплати > Претплати
- Одбери ја претплатата што сакаш да ја откажеш
- Допри на Откажи претплата
Ако имаш повеќе прашања, контактирај со поддршката на Google Play за помош.
Алтернативно, ако имаш платено директно со кредитна картичка или PayPal преку апликацијата за Android:
- Отвори ја апликацијата Tinder на твојот Android
- Допри на твојата профилна икона
Одбери Управувај со сметката за плаќање - Најди ја претплатата што сакаш да ја откажеш
- Допри на Откажи ја претплатата
Ти треба повеќе помош? Обрати се до банката што ти ја има издадено кредитната картичка или поддршката на PayPal за повеќе помош.
Купувања на Tinder.com
Ако бројот на твојата нарачка започнува со TNDR, купувањето е направено на Tinder.com или преку апликацијата за Android со кредитна картичка.
За откажување:
- Оди на tinder.com и најави се
- Допри на профилната икона
- Одбери Управувај со сметката за плаќање
- Најди ја претплатата што сакаш да ја откажеш
- Допри на Откажи ја претплатата
Имаш технички проблеми? Контактирај нè со деталите и ќе ти помогнеме.
Купувања од трети страни
Ако имаш направено купување од трета стрета, најверојатно тоа било направено надвор од апликацијата Tinder или tinder.com.
- За да откажеш: можеш да следиш една од горенаведените постапки за откажување.
-
За да побараш рефундација: ќе треба директно да го контактираш продавачот.
Дополнителни детали за откажување претплати
- Твојата претплата нема да се откаже со деинсталирање или бришење на апликацијата.
- Претплатите можат да се поврзат само со 1 корисничка сметка на Tinder истовремено.
- Ако го имаш сменето уредот (како на пример од iOS на Android), мора да ја откажеш претплатата на твојот стар уред бидејќи претплатите не се пренесуваат меѓу платформите.
- Претплатите се обновуваат автоматски додека не се откажат.