Што е режим на Пасош?
Со режимот на Пасош можеш да пребаруваш по град или да ставиш игла на мапата за да се поврзеш со други луѓе во град по твој избор. Патувај од твојата моментална локација до нови дестинации!
Режимот на Пасош е достапен за претплатниците на Tinder како дел од Tinder Plus®, Tinder Gold™ и Tinder Platinum™. Исто така, тестираме опција за самостојна набавка на функцијата Пасош.
Како да се претплатам?
- Отвори Tinder
- Допри на профилната икона
- Оди во Подесувања
- Одбери Земи Tinder Plus®, Tinder Gold™ или Tinder Platinum™
- Следи ги инструкциите на екранот за да купиш
Како да ја сменам мојата локација користејќи го режимот на Пасош?
- Отвори Tinder
- Допри на профилната икона
- Отвори Подесувања
- Листај надолу и допри на Локација
- Додај нова локација
Колку градови можам да посетам со режимот на Пасош?
Виртуелно можеш да бидеш само во 1 град во одреден момент, но можеш да ја менуваш твојата локација онолку пати колку што сакаш. Луѓето што ги имаш лајкнато во режим на Пасош можат да го видат твојот профил до 24 часа откако имаш сменето локација.