Кој е минималниот услов за возраст?
Што е Tinder?
Добре дојде на Tinder! Tinder беше претставен на универзитетски кампус во 2012 и е најпопуларната апликација за запознавање нови луѓе во светот. Tinder е место изградено во свет на можности. Можност за воспоставување врски кои можат да доведат до нешто повеќе.
Tinder е едноставен и забавен — Свајпни десно за да лајкнеш некој и ако таа личност те лајкнала и тебе, ќе се споите! Подготви се да бидеш дел од свет со бескрајни можности.
Кој е минималниот услов за возраст?
За да користиш Tinder треба да имаш најмалку 18 години. Aко ти бил забранет пристап зашто не си го исполнувал овој услов, ќе можеш да се регистрираш дури кога ќе наполниш 18 години. .
Дали можам да користам Tinder насекаде во светот?
Tinder е глобална онлајн платформа за запознавање и е достапна во 190+ земји и на 40+ јазици. Сакаш да излегуваш, да запознаваш нови луѓе, да си го зголемиш кругот на пријатели или да запознаеш локално население додека патуваш? Ако си тука за да запознаеш нови луѓе, да си го зголемиш кругот на пријатели, или да запознаеш локално население во местата каде патуваш, на вистинското место си.
Дали е Tinder бесплатен?
Tinder апликацијата е достапна бесплатно во App Store и Google Play Store, или посети ја веб-локацијата Tinder.com за да користиш Tinder за веб. Нашата бесплатна верзија ти дава можност да се споиш, да разговараш и да се поврзеш.
Надогради на Plus, Platinum или Gold за подобрено Tinder искуство! Дознај повеќе за овие нивоа на претплата и најди ја најдобрата за тебе.
Поддржани платформи и уреди
Апликацијата Tinder е моментално достапна на iOS, Android, и HMS уреди. Покрај мобилните апликации, можеш да ја посетиш веб-локацијата Tinder.com за да користиш Tinder за веб.
Исто така, нудиме и полесна верзија од Tinder која можеш да ја носиш насекаде — преземи ја апликацијата Tinder Lite од Google Play store.
Tinder моментално поддржува iOS 16.0 и понови верзии, Android 8.0 и понови верзии, како и најновите верзии на најголемите веб-прелистувачи (Chrome, Firefox, Safari, Edge, итн.).