„Топ избори“ е премиум функција, достапна за претплатниците на Tinder Gold и Platinum*, дизајнирана да ги истакне потенцијалните споеви со кои најмногу вреди да се свајпа. Иако сите корисници добиваат 1 бесплатен топ избор дневно, на претплатниците на Tinder Gold и Platinum ќе им се прикажуваат нивните топ избори секојдневно.
Користете ја иконата за златен или платински пламен на екранот „Пронаоѓање“ за да си ги проверите топ изборите.
- Надградете ја претплатата на Tinder Gold или Platinum ако сакате да видите некој од профилите од „Топ избори“, да ги свајпнете или да им пратите супер лајк — но не одложувајте — по 24 часа, екранот со топ избори ќе се освежи со сосема нови профили.
- Сакате повеќе топ избори? Размисливме и за тоа, можете да купите повеќе во секое време откако ќе станете претплатник на Tinder Gold или Platinum.
- И запомнете, можете да ја користите функцијата „Пасош“ за да ги видите своите топ избори од целиот свет.
*Забелешка: Опцијата „Топ избори“ може да не е достапна на некои пазари.
Купив повеќе топ избори, но исчезнаа.
Како претплатник на Tinder Gold или Platinum, дневните избори ќе ви се освежуваат на секои 24 часа. Доколку сте купиле дополнителни избори, имате 24 часа да ги видите или свајпнете пред да исчезнат.