Треба да го ажурираш телефонскиот број? Не е проблем! Во оваа статија има информации за:
Ажурирање на податоците за твојата корисничка сметка
Враќање пристап до корисничката сметка
Ажурирање на податоците за твојата корисничка сметка
За да го ажурираш телефонскиот број на Tinder, следи ги чекорите подолу:
- Отвори ја апликацијата Tinder или оди на Tinder.com
- Допри на профилната икона
- Допри ја иконата за подесувања
- Листај надолу до Подесувања на корисничка сметка
- Допри на Телефонски број > Ажурирај го мојот телефонски број
- Внеси го новиот телефонски број и следи ги чекорите за SMS верификација
Враќање пристап до корисничката сметка
Ако не можеш да се најавиш на твојата корисничка сметка зашто ти е сменет телефонскиот број, користи ја можноста за враќање пристап до корисничката сметка:
- Отвори ја апликацијата Tinder или оди на Tinder.com
- Допри на Најави се
- Избери ја опцијата Проблем при најавување?
- Внеси ја е-поштата поврзана со твојата корисничка сметка на Tinder
Отсега, ќе можеш да се најавиш на Tinder со новиот телефонски број.