Први впечатоци е премиум функција што ти овозможува да се истакнеш. Ти овозможува рано да направиш чекор со тоа што ќе испратиш кратка порака (од 140 знаци или помалку) на некој што ти го привлекол вниманието пред да се споите.
Испрати Прв впечаток
- Види ги потенцијалните споеви во Пронаоѓање
- Виде некој што ти се допаѓа? Допри на иконата хартиен авион
- Напиши ја твојата порака
- Допри на испрати
Ако личноста на која имаш испратено Прв впечаток те лајкне, ќе се споите и ќе можете да го продолжите разговорот.
Неделните Први впечатоци се вклучени во претплатите на Tinder Platinum™. Не си член на Platinum? Без гајле, можеш и да купиш пакети со Први впечатоци.
Имај предвид
Испраќањето на Прв впечаток не гарантира дека другиот корисник ќе го види. На испраќањето на пораката може да влијаат фактори како што се нивните Подесувања за пронаоѓање или статус на верификација на возраста.
Tinder може повремено да тестира и усовршува функции, вклучувајќи функции што им овозможуваат на луѓето да изразат интерес или да испраќаат пораки заедно со нивниот лајк. Во некои тестови, овие функции може да работат различно или да бидат видливи во различни периоди од процесот на спојување. Искуствата варираат во зависност од корисникот, локацијата или со текот на времето, и не сите корисници ќе го видат истото однесување на функциите.
Напомена: Први впечатоци не може да се испраќаат на потенцијални споеви кои ја немаат верифицирано возраста.