Потребно е да ја потврдите возраста за пристап до функции како што се пораки во вашиот регион. За да користите Tinder треба да имате најмалку 18 години. Ако сте корисник на Tinder кој се наоѓа во Јапонија, од вас ќе се побара да ја потврдите возраста и да докажете дека го исполнувате овој услов, во согласност со локалниот закон.
Во моментов нудиме 2 начина на верификација на возраста:
- Верификација директно преку Tinder
- Верификација со World ID (и/или Orb) преку World App
Забелешка: И за двата начина е потребен документ за идентификација издаден од владата. За повеќе информации во врска со барањата на World ID, посетете го нивниот Центар за помош.
Користење документ за идентификација издаден од владата
Ако го изберете овој начин, следете ги упатствата дадени во апликацијата или на Tinder.com. Од вас ќе се побара да доставите документ за идентификација издаден од владата.
Има неколку работи што треба да ги имате предвид кога поминувате низ процесот на верификација:
- Не се прифаќаат документи за идентификација како што се осигурителна или здравствена картичка.
- Ако се работи за јапонски документ за идентификација, внимавајте сликата да не биде делумно скриена, делумно исечена или недоволно јасна*.
- Ако е применливо, гледајте да ги вклучите целите две страници со сите 4 агли и со потписот*.
*Погледнете ги визуелните помагала подолу.
Верификација со World ID (и/или со Orb) преку World App
World App нуди опција за верификација на Android и на iOS, којашто им нуди на корисниците уште една опција за верификација на возраста со заштита на приватноста без да се споделуваат личните податоци онлајн. За повеќе информации за овој начин на верификација, прочитајте ја оваа статија.
Приватност со верификација на возраста
Откако ќе го поднесете документот за идентификација, тој ќе се користи само за верификација на возраста. Заради осигурување квалитет, може да ги зачуваме документот за идентификација или информациите за него (на пример, видот на документот што сте го доставиле) до 90 дена по верификацијата на возраста. По овој период, ќе ги зачуваме само резултатите од верификацијата. Ако успешно потврдите дека имате 18 години или повеќе, ќе чуваме запис од тоа за да ви овозможиме да разговарате со споевите.