Групните дружења овозможуваат ти и твоите пријатели да се споите и разговарате со други групи на пријатели. Со одредени ограничувања, групните дружења се достапни на сите платформи на одбрани пазари.
Напомена: Иако групните разговори може да продолжат на веб-прелистувач, моментално не се достапни другите функционалнисти.
Користење на функцијата Групни дружења
Може да се создаде група со пријатели и да свајпате други групи пријатели. Секој на Tinder може да создаде група. Откако групата ќе има 3 членови и одбрана активност и време, може да се откриваат и свајпаат други групи пријатели. Групните дружења може да бидат нешто како организирање групна активност, на пример партија мини-голф или караоке, или нешто поопуштено како вечерно излегување.
Овие групи ќе ти бидат прикажани во делот „Пронаоѓање“ на ист начин како индивидуалните и профилите за Double Date, а разликата е што ќе ти бидат прикажани повеќе членови од групата за преглед.
Кога ќе се споите со друга група, се отвора разговор помеѓу сите членови од двете групи. Исто така, можеш да свајпнеш десно на поединец во твојата група и да отвориш индивидуална директна порака за директно поврзување.
Имај предвид: Бидејќи групите моментално се во фаза на тестирање, премиум функциите и поволностите од претплатата (како на пример Boost-ови и Супер лајкови) во моментов не се компатибилни во рамките на групите. Додека продолжуваме да ги тестираме групните дружења, може да забележиш и промени кај поканите, бројот на групи во кои можеш да бидете дел или кај други функции.
Наоѓање групни дружења
„Групи“ е бесплатна функција што моментално се тестира на одредени пазари. Ако е достапна во твојата област, следи ги инструкциите подолу. Се однесуваат на сите платформи:
- Допри на копчето „Групни дружења“ во форма на апче на екранот „Пронаоѓање“.
- Покани ги пријателите да формирате група.
- Почни да свајпаш на други групи.
Создавање позитивно искуство со Групни дружења
Сакаме сите да имаат позитивно искуство при користење на групите. Еве неколку работи што треба да ги имаш предвид:
- Важно е, кога користиш Tinder, и ти и твоите пријатели во групните дружења да бидете запознаени со нашите Правила на заедницата и да се придржувате кон нив. Секое прекршување на нашите политики може да резултира со преземање мерки против една или повеќе кориснички сметки во групата.
- Ако ти или твоите пријатели наидете на несоодветно однесување во апликацијата или во живо, пријавете го. Нашите ресурси за пријавување можеш да ги прегледаш тука.
- И ти и твоите пријатели во групата мора да имате најмалку 18 години за да користите Tinder.
- Кога разговараш како дел од група во апликацијата или во живо, секогаш барај согласност од членовите на твојата група пред да разговараш за какви било приватни детали (вклучувајќи информации за контакт).
- Ако сакаш да разговараш за сексуални теми, гледај да имаш согласност од сите во групата.
Прилагодување на твоето искуство со Групни дружења
Без разлика дали си на Tinder само за да најдеш група за тебе и твоите пријатели, или воопшто не те интересира да гледаш групи, ти одлучуваш. Функцијата Групни дружења има сопствени подесувања за прилагодување на искуството.
- Отвори Tinder и допри на профилната икона
.
- Допри ја иконата за подесувања
.
- Листај надолу додека не го најдеш делот означен „Групни дружења“.
- Тука ќе најдеш опции како што се поголемо истакнување на Групите во однос на индивидуалните профили во „Пронаоѓање“, или целосно криење на сите Групи.