Ако ги прекршите Условите за користење или Правилата на заедницата, може да преземеме мерки против корисничката сметка на Tinder. Во зависност од прекршокот, можеме да ви го отстраниме профилот од Tinder, да издадеме предупредување и/или да отстраниме содржина од профилот. Ако сметате дека сме презеле мерка по грешка, имате моженост да поднесете жалба преку Центарот за жалби.
Прекршоци кои може да се обжалат
Можете да пристапите до Центарот за жалби со истите детали за најава како за вашата корисничка сметка на Tinder. Во Центарот за жалби можете да видите преглед на сите мерки што може да се обжалат. Можете да допрете на Види детали за да дознаете повеќе за одреден прекршок.
Ако не гледате одреден прекршок што сакате да го обжалите или не ја гледате опцијата да поднесете жалба, тоа значи дека тој прекршок не може да се обжали преку Центарот за жалби. Тоа може да биде зашто прекршокот се случил пред повеќе од 6 месеци или зашто веќе имате поднесено жалба за тоа дејство. Посетете го Центарот за жалби за повеќе информации.
Како да поднесеш жалба
Следи ги овие чекори за да поднесеш жалба:
- Во Центарот за жалби пронајдете го прекршокот што сакате+ да го обжалите и изберете го.
- Допри на Започни жалба.
- Допри на Поднеси жалба.
Ако сакате да обжалите повеќе прекршоци, проверете дали сите се избрани кога ќе ја поднесете жалбата.
По жалбата
Откако ќе го обжалиш твојот прекршок, тој се преместува во делот Обжалени прекршоци и ќе видиш назнака Се разгледува до прекршокот. Кога ќе ја разгледаме твојата жалба, оваа назнака ќе се ажурира во одобрена или одбиена, во зависност од исходот од жалбата.
- Ако назнаката покажува дека твојата жалба е одобрена, тоа значи дека прекршокот што го имаш обжалено е поништен. Во зависност од прекршокот што го имаш обжалено, ние ја имаме вратено твојата корисничка сметка, го имаме поништено предупредувањето и/или ја имаме вратено твојата содржина.
- Ако назнаката покажува дека твојата жалба е одбиена, тоа значи дека прекршокот што го имаш обжалено е повторно потврден. Во зависност од прекршокот што го имаш обжалено, ние нема да ја вратиме твојата корисничка сметка, нема да го поништиме предупредувањето и/или нема да ја вратиме твојата содржина.
Ако видиш нов прекршок во Центарот за жалби, тоа значи дека за време на прегледот откривме дополнителен/и прекршок/ци на нашите Услови за користење или Правила на заедницата. Можеш да ги обжалиш новите прекршоци преку Центарот за жалби.
Ако ви треба појаснување за некој од поимите користени во Центарот за жалби, прочитајте ја оваа статија во Центарот за помош.