Им забрануваме пристап на корисничките сметки кога ќе увидиме прекршоци на нашите Правила на заедницата или Услови за користење. Знаеме дека губењето пристап до твојата корисничка сметка може да те фрустрира, но овие правила ни помагаат Tinder да биде безбедно и пријатно место, со почит за сите.
Ако на твојата корисничка сметка ѝ е забранет пристап на Tinder, ќе добиеш мејл и ќе видиш известување кога ќе пробаш да се најавиш. Ако ти се забрани пристап, не можеш да продолжиш да користиш Tinder или да создадеш нова корисничка сметка.
Управување со претплатите
Ако си имал Tinder претплата или членство во периодот кога на твојата корисничка сметка ѝ бил забранет пристап и:
-
Си купил преку Apple ID (iOS) or Google Play (Android):
Треба да ја откажеш претплатата директно преку Apple или Google за да избегнеш идни наплати.
-
Си купил преку PayPal, кредитна/дебитна картичка на Tinder.com, или преку директна наплата на картичка на Android:
Твојата претплата веќе е откажана и нема пак да ти биде наплатено.
Тука можеш да најдеш дополнителнни информации во врска со рефундациите.
Обжалување на забранет пристап
Ако сметаш дека на твојата корисничка сметка ѝ е забранет пристап по грешка, можеш да дознаеш повеќе за поднесување жалби и нашиот процес за обжалување тука.