Доколку сакате да дознаете повеќе за некој од термините што се користат во Центарот за жалби, подолу можете да најдете преглед на сите термини и нивно објаснување.
Статус на корисничката сметка - Моменталниот статус на корисничката сметка, без разлика дали е активна (може да се користи без ограничување) или неактивна (поради забрана, времено укинување или бришење).
Преземена мерка - Опис на видот мерка преземена против некоја корисничка сметка откако ќе се утврди прекршок.
Активен (Прекршок) - Прекршок за којшто е применета мерка на корисничката сметка и за којшто може да се поднесе жалба.
Жалба - Процес преку којшто корисникот бара разгледување на потврден прекршок што влијаел врз неговата корисничка сметка.
Обжален (Прекршок) - Прекршок за којшто веќе е поднесена жалба. Ова ги вклучува оние што активно се разгледуваат или оние што се целосно обработени.
Забрана - Мерка што е преземена за некоја корисничка сметка по потврдување на прекршок што води до забрана за пристап на корисникот до корисничката сметка или за креирање нови кориснички сметки. Профилот е отстранет од платформата.
Отстранување содржина - Мерка преземена заради отстранување содржина создадена од корисникот на профилот на корисникот за којашто се утврдило дека ги прекршува Правилата на заедницата или Условите за користење на Tinder. Забелешка: При отстранувањето содржини секогаш ќе се прати и предупредување.
Опис - Понатамошни детали за тоа што се случило што довело до преземање мерка за некој прекршок.
Истечен (Прекршок) - Прекршок за којшто е применета мерка на некоја корисничка сметка за којшто повеќе не може да се поднесе жалба бидејќи мерката е преземена пред повеќе од 6 месеци.
Означено од: Автоматизирани системи - Случајот е откриен со употреба на автоматизирани алатки пред да се преземе мерка.
Означено од: Пријава - Случајот е откриен преку пријава поднесена од други корисници или од надворешни лица пред да се преземе мерка.
Означено од: Ревизија по иницијатива на Tinder - Случајот е откриен при редовно деловно работење и разгледан пред да се преземе мерка.
Последно ажурирање - Датумот на последната промена на прекршокот. Доколку прекршокот е обжален, но сè уште не е обработен, тоа ќе биде датумот на поднесување на жалбата. Откако ќе биде обработена, тоа ќе биде датумот кога е завршено разгледувањето на жалбата.
Исход - Резултатот по обработувањето на жалбата.
Разгледано од: Автоматизиран систем - Прекршокот е утврден со автоматизирани алатки и не вклучува човечки модератор.
Времено укинување - Мерка што е преземена за некоја корисничка сметка по потврдување на прекршок што води до времено ограничување на пристапот на корисникот до корисничката сметка. До корисничката сметка не може да се пристапи од платформата во овој период. По истекот на времетраењето на временото укинување, корисничката сметка автоматски се враќа во функција, освен ако не се појават дополнителни прекршоци.
Прекршоци - Содржина или однесување што не е во согласност со Правилата на заедницата или со Условите за користење на Tinder.
Вид прекршок - Името на политиката што е повредена.
Предупредување - Мерка што е преземена по потврдување на некој прекршок што води до известување на корисникот за однесувањето. Имајте предвид дека повеќекратните предупредувања за ист вид прекршок може да доведат до времено укинување или до забрана на корисничката сметка. При отстранување на содржините ќе се праќа и предупредување.