Споделување на твојата автентичност
Ние од Tinder сме посветени на создавање и одржување безбеден и инклузивен простор за сите. Постојано истражуваме нови начини за да се увериме дека твоето искуство на нашата платформа не е само позитивно, туку е и охрабрувачко. Давањето приоритет на иницијативите кои го поддржуваат твоето автентично самоизразување е главен фокус на нашата работа.
Без разлика на тоа каде се наоѓаш на спектарот на родот и сексуалноста, тука си добредојден/а. Работиме на проширување на нашите опции за родови идентитети и сексуална ориентација, со што ќе ти овозможиме да се опишеш точно и самоуверено.
Напомена: Тестираме проширен избор на опции за родова и сексуална ориентација во одредени пазари, па искуството може да варира во зависност од твојата локација.
Зошто е ова важно
Разбираме дека идентитетите на нашите корисници се сложени и повеќеслојни, па важно ни е нашата платформа да ја отсликува оваа различност. Споделувањето на твојата родова и сексуална ориентација ни помага да ја поддржиме твојата безбедност, удобност и инклузивно претставување. Исто така ни помага да дознаеме повеќе за тебе и да ти препорачаме потенцијални споеви кои одговараат на твоите преференции.
Родот и сексуалната ориентација ќе се прикажат на твојот профил само ако ти одлучиш да ги споделиш. Ќе дадеме сè од себе за автоматски да го скриеме овој податок за членовите на LGBTQIA+ заедницата во места каде нивниот идентитет и изразување се криминализирани или стигматизирани.
Ажурирање на твојот род или сексуална ориентација
Можеш во секое време да го ажурираш твојот род или сексуалната ориентација со следење на овие чекори:
- Отвори Tinder
- Допри на профилната икона
- Допри на иконата со молив или Уреди го профилот
- Листај надолу до „Род“ или „Сексуална ориентација“
Ажурирања за род: Одбери: „маж“, „жена“, или „надвор од бинарниот систем“. Може да бидат достапни и дополнителни опции за подобро да се идентификуваш. Можеш да одбереш онолку родови со колку што се идентификуваш. Мораш да одбереш барем една од примарните категории.
Ажурирања за сексуална ориентација: Можеш да одбереш како сакаш да ја опишеш твојата сексуална ориентација или да не спомнеш ништо- твој избор е! Не е потребен овој дел.
Прикажување на твојот род или сексуална ориентација
При уредување на профилот, имаш флексибилност со управување на видливоста на родот и сексуалната ориентација. Можеш да одбереш да ги прикажеш овие податоци веднаш под името, да ги скриеш целосно, или да прикажеш само одреден дел што не ти пречи да го споделиш. За да видиш како изгледаат твоите избори, можеш да прегледаш како изгледа твојот профил директно под екранот на „Уреди го профилот“. Родот и сексуалната ориентација ќе бидат скриени во локации каде што твојот идентитет може да биде казнет, за твоја безбедност.
ЧПП
Зошто „надвор од бинарниот систем“ наместо „небинарна личност“?
Користиме „надвор од бинарниот систем“ за да ги вклучиме сите коишто не се чувствуваат усогласено со традиционалните категории како „маж“ или „жена“, вклучувајќи ги и тие што се идентификуваат како родово флуидни, родово неусогласени, интерсексуалци и други. Со оваа терминологија се почитуваат уникатните искуства на сите на Tinder.
Што ако не го гледам мојот род или сексуална ориентација на Tinder?
Нашата листа со идентитети постојано се развива, благодарение на придонесот од експерти за инклузивност и коментарите од корисници како тебе. Ако твојот род или сексуална ориентација не се наведени во листата, употреби ја опцијата „Не е наведено“ за да нè известиш. Твоите коментари се важни во нашата посветеност на инклузивноста.
Напомена: Во зависност од твојата локација, можноста да пријавиш ненаведена опција може да не е достапна.
Дали мојот род се користи при тоа како другите ме наоѓаат на Tinder?
Да, начинот на којшто го идентификуваш твојот род на Tinder влијае на тоа како се појавуваш во пребарувањата на другите. Можеш и да одредиш кого да гледаш на Tinder со ажурирање на твоите Подесувања за видливост. Ова ти дава контрола врз тоа со кој се поврзуваш на Tinder.