Функцијата Интереси ти овозможува да ги избереш и твоите омилени активности и да ги споделиш на профилот. Интересите се одличен начин да се поврзеш со потенцијалните споеви и да започнеш разговор.
Како да додадам Интереси на мојот профил?
- Отвори Tinder и допри на профилната икона
- Допри на иконата со молив до твојата профилна фотографија
- Листај надолу и избери „Интереси“
- Одбери минимум 3 интереси што ќе ги додадеш на профилот
- Допри на Готово за да ги зачуваш промените
Како да изменам еден од моите Интереси?
- Следи ги чекорите 1 - 3 погоре
- Допри на означените Интереси за да ги отстраниш од профилот и допри на сивите Интереси за да ги додадеш на профилот
- Допри на Готово за да ги зачуваш промените
Како да ги отстранам сите Интереси од мојот профил?
- Следи ги чекорите 1 - 3 погоре
- Допри на сите означени Интереси за да ги деселектираш
- Допри на Готово
- Потврди дека сакаш да ги отстраниш сите Интереси од твојот профил
Како да го сменам редоследот по кој се прикажуваат моите Интереси на профилот?
Твоите Интереси се прикажуваат по редоследот по кој ги имаш одбрано во подесувањата на твојот профил. За да го смениш редоследот:
- Следи ги чекорите 1 - 3 погоре
- Деселектирај ги сите твои Интереси
- Избери ги одново Интересите по редоследот по којшто сакаш да се прикажуваат.
Првиот Интерес што ќе го избереш ќе се прикаже прв на твојот профил.
Дали може да видам преглед од тоа како изгледаат Интересите на мојот профил?
- Отвори Tinder и допри на профилната икона
- Допри на иконата со молив до твојата профилна фотографија
- Одбери го делот Преглед
Зошто гледам луѓе со Интереси што мене не ми се достапни за додавање на профилот?
Интересите може да се разликуваат во зависност од тоа каде се наоѓаш. Ова значи дека може да наидеш на профили со Интереси кои во моментов не се достапни за да ги избереш за твојот профил.