Алатката „Подобрување на фотографија“ има за цел да ти помогне да го подобриш техничкиот квалитет на твојата профилна фотографија. Создадена е за да го подобри целосниот квалитет на фотографијата - на пример, да ја направи твојата профилна фотографија појасна и со подобро светло. Алатката „Подобрување на фотографија“ се тестира на одредени пазари за корисниците на Android и iOS.
Пристап до Подобрување на фотографија
Ако е достапно ново подобрување на фотографија, ќе те информираме со известување во апликацијата.
Нема да најдеш предлози за подобрување на фотографија во „Уреди го профилот“ ако не се откриени технички проблеми, па затоа нема секогаш да добиваш известување. Ако сакаш рачно да провериш, можеш да видиш дали има достапно подобрување за која било од твоите фотографии следејќи ги овие чекори:
- Отвори Tinder и оди до твојот профил
- Допри на Уреди под Мои фотографии
- Ако некоја од твоите фотографии може да биде подобрена, ќе ја видиш иконата „подобри“ на таа фотографија кога ќе ја отвориш
- Допри на иконата за да ја прегледаш подобрената верзија и да ја додадеш на профилот доколку сакаш
Користење на алатката за Подобрување на фотографија
Алатката „Подобрување на фотографија“ може да помогне да се поправат проблеми како заматени слики, слаба осветленост или експозиција и нејасност. Можеш да ја прегледаш подобрената фотографија и да одлучиш дали да ја отстраниш или да ја задржиш на твојот профил. Во секое време можеш да се вратиш на твојата оригинална фотографија преку aлатката за подобрување на фотографија, како што е опишано погоре. Ако не го користиш предлогот за подобрена фотографија, ќе ти се даде опција да дадеш коментари за оваа алатка.
Не заборавај, иако оваа алатка е наменета да ти помогне, на крај ти си одговорен/а за тоа што ќе одбереш да поставиш, вклучително и тоа дали фотографиите што ќе решиш да ги поставиш ги почитуваат нашите Услови за користење и Правила на заедницата.
Приватност и безбедност при користење на алатката за Подобрување на фотографија
Алатката „Подобрување на фотографија“ е дизајнирана да открие проблеми со квалитетот на фотографијата и да предложи насочени подобрувања на карактеристики на фотографијата како осветленост и заситеност на боите (меѓу другото) за да го подобри квалитетот на фотографијата. Алатката „Подобрување на фотографија“ вклучува и автоматска проверка што помага да се потврди дека подобрената фотографија сè уште личи на тебе, за да се зачува автентичноста и да се покажеш во вистинско светло. Сепак, функцијата сè уште се тестира, а опционалните коментари споменати погоре се важни за да ни помогнат да ја подобруваме функцијата со текот на времето. Исто така, ги задржуваме подобрената фотографија и оригиналната фотографија за да можеш да ја вратиш првичната верзија во секое време.