Double date е функција што им е достапна на корисниците на Android, iOS и Web на одредени пазари. Double date овозможува заедно со пријател/ка да се споиш и разговараш со други парови пријатели.
Користење на Double date
Со Double date, можеш да создадеш до 3 пара пријатели и да свајпаш на други пријатели во пар. Овие Double dates ќе ти бидат прикажани во Пронаоѓање на истиот начин како индивидуалните профили, со тоа што двајцата од парот за Double date ќе ти бидат прикажани еден до друг за преглед.
Кога ќе се споиш со друг пар за Double date, се отвора разговор помеѓу вас 4. Тука можеш да имаш групен разговор со парот со којшто се споивте за Double date. Исто, можеш да свајпнеш десно на поединец во споениот пар и да отвориш индивидуална директна порака за директно поврзување.
Имај предвид: Средба во парови моментално се тестира, па премиум функциите и поволностите од претплатата (како на пример Boost-ови и Супер лајкови) моментално не се компатибилни.
Наоѓање на Double date
Double date е бесплатна функција што моментално се тестира на одредени пазари. Ако е достапна во твојата област, следи ги инструкциите подолу. Се однесуваат на сите платформи:
- Допри на иконата за Double date во Пронаоѓање или на екранот со пораки
- Покани до 3 пријатели за да бидете пар
- Започни да свајпаш на други парови за Double date
Создавање позитивно искуство со Double date
Сакаме сите да имаат позитивно искуство со Double date. Еве неколку работи што треба да ги имаш предвид:
- Важно е, кога ти и твоите пријатели од Double date користите Tinder, да ги знаете и да ги почитувате нашите Правила на заедницата. Ако се прекршат нашите политики, може да се преземат мерки против 1 или двете кориснички сметки во Double date.
- Ако ти или твоите пријатели наидете на несоодветно однесување во апликацијата или во живо, пријавете го. Тука можеш да ги видиш нашите извори на информации за пријавување.
- И ти и твоите пријатели мора да имате најмалку 18 години за да користите Tinder.
- Кога разговараш како група во апликацијата или во живо, секогаш барај согласност од твојот пријател/ка за Double date пред да разговараш за приватни детали (вклучувајќи и информации за контакт).
- Ако сакаш да разговараш за сексуални теми, гледај да имаш согласност од сите во групата.
Прилагодување на твоето искуство со Double date
Без разлика дали си на Tinder само за да најдеш пар за Double date за тебе и пријател/ка, или воопшто не те интересира Double date, ти одлучуваш. Функцијата Double date има сопствени подесувања за прилагодување на искуството.
- Отвори Tinder и допри на профилната икона
.
- Допри ја иконата за подесувања
.
- Листај надолу додека не го најдеш делот означен „Double date“.
- Тука имаш опции како: поголемо истакнување на сите профили за Double date во Пронаоѓање, или целосно криење на сите профили за Double date.