На некои пазари тестираме поинаква верзија на оваа функција што нуди препораки за профилна фотографија со помош на рамката Vision на Apple. Во оваа статија се објаснува како функционира тоа искуство.
Напомена: Ако како корисник наместо тоа ви се прикажува „Бирач на слики“, прочитајте ја оваа статија.
Како функционира
Оваа функција ви помага да најдете фотографии во галеријата што би биле соодветни за профилни фотографии, земајќи предвид работи како квалитетот на фотографијата и дали на неа има само едно лице или група луѓе. За да се обиде да најде фотографии на кои ве има, функцијата создава отпечатоци на биометриски карактеристики, односно нумерички претставувања на лицата на тековните фотографии од профилот на Tinder и на фотографиите од галеријата, со помош на рамката Vision на Apple. Tinder ги споредува овие отпечатоци на карактеристиките на уредот за да најде фотографии на кои се чини дека ве има. Избирате кои фотографии, доколку ги има, да ги додадете на профилот.
Како се користат моите податоци
Оваа анализа се одвива на уредот. Отпечатоците на карактеристиките се создаваат и се користат само привремено во меморијата на уредот, никогаш не се испраќаат до Tinder, не се зачувуваат и се бришат кога ќе излезете од функцијата.
Единствените фотографии што Tinder ги добива се оние што ќе изберете да ги додадете на профилот. Како и кај бирачот на слики, одговорноста за фотографиите што ќе изберете да ги прикачите е ваша.
Откажување од учество
Оваа функција е изборна и може да одлучите рачно да ги изберете фотографиите. Може да го укинете или да го ограничите пристапот на Tinder до галеријата во секое време во подесувањата на уредот.
Други функции за фотографии
На некои пазари, Tinder нуди и скенирање на галеријата по избор, со кое се предлагаат фотографии и теми што може да ги додадете на профилот. Погледнете Препораки врз основа на фотографија за да дознаете повеќе.