Напомена: На корисниците во некои региони може да им се прикажува варијанта на оваа функција (Како да ја најдете најдобрата функција). Ако ви се прикажува оваа функција и сакате повеќе информации, прочитајте ја оваа статија.
Што е Бирач на слики?
„Бирач на слики“ е алатка достапна на уредот за идентификување кои фотографии во галеријата би можеле да послужат како профилни фотографии. Со помош на вештачка интелигенција брзо најдете фотографии за профилот така што ќе направите селфи или ќе искористите постоечка фотографија од себе и ќе му дозволите на бирачот на слики да го направи останатото. Оваа алатка ќе биде достапна при регистрација и секогаш кога додавате профилна фотографија.
Како функционира Бирачот на слики?
Прво, ќе треба да генерирате биометриски податоци што ќе се користат за да се најдат ваши фотографии на уредот. Ќе имате две опции — може или да искористите профилна фотографија на која ви се гледа лицето или да направите селфи.
Второ, оваа функција одбира фотографии од галеријата што може да послужат како профилни фотографии. Изборот се заснова на критериумите за кои знаеме дека се важни за добра профилна фотографија, како што се осветлувањето, композицијата и слично. Оваа функција исто така ги исклучува групните фотографии или фотографиите со кои се чини дека се прекршуваат Условите за користење и Правилата на заедницата.
На крај, ќе одберете кои од прикажаните фотографии ќе се постават на профилот. Не заборавајте дека иако оваа алатка е наменета да ви помогне, на крај ваша е одговорноста за тоа што ќе одберете да поставите, вклучително и за тоа дали со фотографиите што ќе решите да ги поставите се почитуваат Условите за користење и Правилата на заедницата и дали се во согласност со сите локални закони што може да важат при користењето на алатката „Бирач на слики“.
Исто така, не заборавајте дека ќе треба да овозможите целосен или делумен пристап до галеријата и пристап до камерата за да функционира овој прв чекор. Секогаш може да ги измените Подесувањата за да го прилагодите нивото на пристап или целосно да го укинете пристапот откако ќе завршите.
Како Бирачот на слики ги користи моите податоци?
Ова е најдобриот дел. Бирачот на слики работи целосно на твојот уред и во секое време имаш контрола врз него. Подолу следат деталите за тоа како се користат твоите податоци во секој чекор од процесот:
- Предлагање профилна фотографија: Бирачот на слики не користи биометриски податоци за да ви предложи профилна фотографија која може да ја искористите. Наместо тоа, Tinder користи алатка која ја одржува приватноста за да открие која од профилните фотографии има црти на лице, без да генерира биометриски податоци или да собира детали за карактеристиките на лицето. Овој процес се случува целосно на уредот и Tinder не добива никакви информации за тоа на кои профилни фотографии е откриено лице.
- Генерирање и користење на биометриските податоци: Биометриските податоци се генерираат или од профилната фотографија или од видеоселфито и потоа се споредуваат со фотографиите од галеријата. Tinder не ги собира, задржува, ниту, пак, има пристап или на друг начин ги добива биометриските податоци кои се генерираат од видеоселфито, од профилната фотографија или од фотографиите од галеријата. Наместо тоа, сè се одвива целосно на уредот и сите биометриски податоци кои се користат како дел од оваа функција се бришат од уредот штом излезете од функцијата.
- Скенирање на фотографиите: Tinder не собира ниту има пристап до фотографиите од галеријата и процесот на скенирање и предлагање одредени фотографии се случува целосно на уредот. Tinder ги собира само фотографиите кои на крај ќе одберете да ги поставите на профилот.
Зошто не гледам фотографии од мене со моите пријатели во препораките?
Бирачот на слики е дизајниран да исклучува групни фотографии. Бараме да ја користите оваа функција само за да најдете фотографии од себе.
Што ако не ми се допаѓаат фотографиите кои ми се претставуваат?
Ако бирачот на слики ви дава фотографии што мислите дека не ве претставуваат во најдобро светло, споделете го тоа со нас во образецот за контакт. Вашето повратно мислење има клучна улога во подобрувањето на оваа функција.
Каде е достапен „Бирач на слики“?
Бирачот на слики им е достапен на корисниците на Android и iOS ширум светот.