Ажурирај ги подесувањата за Пронаоѓање
Пронаоѓање е дел од Tinder каде што ги гледаш другите профили. Можеш да ги прилагодиш твоите подесувања за пребарувања и да одредиш кого да гледаш во Пронаоѓање со менување на подесувањата за Пронаоѓање.
За да ги измениш твоите подесувања за Пронаоѓање:
- Отвори Tinder
- Допри на профилната икона
- Оди во Подесувања
- Листај надолу до Пронаоѓање
Оттука, можеш да ги ажурираш подесувањата за Пронаоѓање, како што се сексуална ориентација, возраст и оддалеченост, за да прилагодиш кого гледаш на Tinder.
Непопустливи барања
Може да ти прикажеме потенцијални споеви кои се надвор од твоите ограничувања за оддалеченост и возраст, главно кога ќе нема веќе препораки во твојот опсег. Дали ги сметаш овие ограничувања за непопустливи барања? Под секој лизгач во подесувањата за Пронаоѓање има копче за да одредиш дали да те прикажуваме на луѓе надвор од твојот поставен опсег.
Исклучи Пронаоѓање
Кога ќе исклучиш Пронаоѓање, твојот профил нема да се прикажува на никој што е нов на Tinder*, но сепак ќе можеш да ги видиш и да разговараш со твоите споеви.
За да го скриеш твојот профил:
- Отвори Tinder
- Допри на профилната икона
- Оди во Подесувања
- Листај надолу до Пронаоѓање
- Пронајди Прикажи ме на Tinder
- Вклучи ја или исклучи ја опцијата
Напомена: Луѓето што ги имаш лајкнато пред да исклучиш Пронаоѓање сѐ уште ќе можат да го видат твојот профил и да те лајкнат. Ова значи дека дури и со исклучено Пронаоѓање можеш да имаш нови споеви.