„Пребарај“ е функција што моментално се тестира и им помага на корисниците да го најдат нивниот тип на личност на нови начини! Пребарувањето е достапно за корисниците на iOS на одредени пазари.
Пристапување до „Пребарај“
Ако ти е достапна опцијата „Пребарај“, ќе можеш да ја најдеш следејќи ги упатствата подолу:
- Отвори го Tinder
- Допри на картичката Пронаоѓање.
- Допри на иконата со лупа во горниот лев агол од твојот екран.
- Пребарај!
Користење на „Пребарај“
Пребарувањето ти овозможува да бараш конкретни поими за полесно да го најдеш твојот тип. Подготвен/а за поврзување? Побарај го тоа што те интересира! Пребарувањето може да се користи за да најдеш корисници со слични или заеднички интереси, како љубители на музика, сопственици на миленици, светски патници и уште многу, многу повеќе. Без разлика дали станува збор за различни спортови, фанови на одредени активности, уметници или музичари, и (речиси) сè помеѓу тоа, „Пребарај“ може да ти помогне да си го најдеш твојот тип на личност!
Пребарувањето не е наменето за да пронајдеш конкретна личност. Не прикажуваме резултати за пребарувања што користат нечие име, возраст, социјални профили или пребарувања што се обидуваат да најдат луѓе врз основа на работи како раса, националност или религија*. Пребарувања што вклучуваат експлицитни термини или се однесуваат на нелегални активности не се поддржани.
*Имај предвид: Нудиме и други функции и подесувања за Пронаоѓање, како филтри и преференции, за да ти помогнеме да најдеш корисници на одредена возраст, религија и друго.
Како функционира пребарувањето
Пребарувањето ги користи информациите споделени на твојот профил, како твоите фотографии, детали во твоето био и други елементи од твојот профил, за најдобро да се совпадне со она што некој го пребарува. Главно се фокусира на интересите, животниот стил и вајбсот на корисникот – не на неговите физички карактеристики.
За да ја одржиме нашата заедница безбедна и инклузивна, опцијата „Пребарај“ следи неколку клучни принципи:
Пребарувањето е оптимизирано за да пронајде спој врз основа на Интереси и животен стил. Иако можеш да пребаруваш клучни зборови поврзани со тоа што сакаш да правиш, нашиот пребарувач не е дизајниран да пронајде резултати врз основа на чувствителни лични атрибути како раса, религија, тип на тело или политичка припадност. Веруваме дека најдобрите поврзувања се случуваат кога се фокусираш на личноста, а не на листа со физички карактеристики.
За да одржиме средина со почит, опцијата „Пребарај“ не поддржува прикажување резултати за чувствителни атрибути или за што било што не е дозволено на Tinder. Ова вклучува работи како:
- Нелегална содржина: Клучни зборови поврзани со комерцијален секс, дистрибуција на дрога или трговија со луѓе.
- Штетна содржина: Клучни зборови што вклучуваат говор на омраза, насилство или сексуално експлицитен материјал.
- Термини поврзани со безбедност: Пребарувања поврзани со самоповредување или експлоатација на малолетници.
- Фиксни особини: Раса, религија, тип на тело, политичка определба, висина, боја на очи, боја на коса.
Ако некој термин за пребарување не е поддржан, ќе видиш известување дека пребарувањето не е дозволено.
За да ја заштитиме приватноста на нашите корисници и да спречиме вознемирување надвор од платформата, опцијата „Пребарај“ не може да се користи за наоѓање конкретни лица по нивното име или кориснички имиња на социјалните мрежи.
Приватност и безбедност
Како и со сите елементи од Tinder искуството, приватноста и безбедноста на нашите корисници се клучни. Пребарувањето не е наменето да поддржува пребарувања што ги прекршуваат нашите Правила на заедницата. Иако твојот профил може да се прикажува во резултатите од пребарувањето на друг корисник, другите корисници не можат да те најдат преку опцијата „Пребарај“ користејќи го твоето име или корисничкото име на социјалните мрежи. Дополнително, корисниците што си ги блокирал/а нема да те гледаат во своите резултати од пребарување, а ни ти нема да ги гледаш нив.