Користи ја функцијата Заеднички пријатели за да дознаеш дали имаш заеднички контакти со другите луѓе на Tinder.
Напомена: Функцијата Заеднички пријатели е достапна на одредени пазари за корисниците на Android и iOS.
Како функционира?
Откако ќе ги увезеш твоите контакти, ако ти и друга личност на Tinder имате заеднички контакти и ако таа личност исто така ја има овозможено функцијата Заеднички пријатели, ќе го видиш бројот на контакти прикажан на профилот на таа личност. Нема да ги видиш имињата на заедничките контакти — само бројот.
На пример:
- Aко корисникот А ја има личноста Б во листата со контакти,
- и ако корисникот В исто така ја има чичноста Б во листата со контакти,
- и личноста Б е единствениот контакт што го делат корисникот А и В
- тогаш: корисникот А и корисникот В ќе видат дека имаат 1 заеднички контакт кога ќе се видат на Tinder. Но нема да видат дека тој контакт е личноста Б.
Имај предвид дека во оваа ситуација ти можеш да бидеш личноста Б. Ако си заеднички контакт за 2 корисници на Tinder, твојот профил ќе се вклучи во бројката, но тие корисници нема да можат да видат дека се работи за тебе.
Ако има некои заеднички контакти што не сакаш да ги видиш или да те видат на Tinder, можеш да блокираш контакти пред да ја користиш оваа функција.
Како можам да ги видам Заедничките пријатели?
Ако сакаш да имаш пристап до Заедничките пријатели, следи ги чекориве:
- Отвори ја апликацијата Tinder
- Допри на профилната икона
- Оди до Подесувања
- Листај надолу за да ја пронајдеш функцијата Заеднички пријатели и допри за да овозможиш
- Одбери дали сакаш да блокираш контакти
- Заврши ја постапката со увезување на твојата листа со контакти
Дали можам да ги видам Заедничките пријатели, но да не ме бројат како пријател?
Не функционира така — ако 2 корисника на Tinder те имаат во нивните контати и овозможат Заеднички пријатели, тогаш ќе се вклучиш во бројката. Имај предвид дека нема да ги видат имињата на заедничките контакти.
Дали можам да одредувам кои од моите контакти ќе се вчитаат?
Ако има некој во твојата листа со контакти што не сакаш да се додаде во Заеднички пријатели, можеш да го блокираш тој контакт пред да почнеш да ја користиш оваа функција. Следи ги чекорите под „Како можам да ги видам Заедничките пријатели“ погоре за да ја користиш оваа функција.
Што се случува ако ја оневозможам функцијата Заеднички пријатели?
Со оневозможување на функцијата Заеднички пријатели во подесувањата на твојата корисничка сметка, ќе престанеш да гледаш број на заеднички контакти прикажан на другите профили и сите контакти кои ги имаш увезено ќе бидат избришани. Во секое време можеш да ја оневозможиш функцијата Заеднички пријатели во подесувањата на Tinder.
Како Tinder ги користи информациите за моите контакти?
Заеднички пријатели е функција на Tinder за која е потребна листата на контакти на твојот уред. Откако ќе ни дадеш дозвола да пристапиме до твојата листа со контакти, ги собираме информациите за телефонски броеви на твоите контакти и ги чуваме безбедно. За увезените контакти, исто така проверуваме дали и тие контакти и корисници на Tinder ја имаат овозможено функцијата Заеднички пријатели. Ова ни овозможува да го прикажеме вкупниот број на заеднички контакти што го имате ти и друг корисник кој ја има овозможено функцијата Заеднички пријатели. Ако твој увезен контакт не е идентификуван како корисник на Tinder, управуваме со информациите како што е наведено подолу во „Информации за контакти кои не користат Tinder“.
Како корисник на Tinder, можно е претходно да имаш дозволено Tinder да има пристап до твојата листа со контакти, како на пример при користење на нашата функција за Блокирање контакти. Доколку имаш прашања за тоа како Tinder ги користи овие лични податоци, те молиме прегледај ја нашата Политика на приватност.
Информации за контакти кои не користат Tinder:
Можно е да го обработуваме твојот телефонски број дури и да не си корисник нa Tinder, ако 1 од нашите постоечки корисници го има зачувано твојот број во листата со контакти и одбира да ја вчита таа листа во Tinder за користење на функцијата Заеднички пријатели.
Кога корисник на Tinder ќе го вчита твојот број во Tinder, го претвораме тој број во криптографски хаш кој не е читлив ниту може да се врати во првичната верзија. Не го собираме името поврзано со тој број од уредот на корисникот. Не го чуваме хашот за која било друга намена освен да го вклучиме тој број во бројката на заеднички контакти, како дел од Заеднички пријатели.
Ако не си корисник и не сакаш твојот телефонски број да се користи од ниеден корисник на Tinder како дел од функцијата Заеднички пријатели, можеш да нѐ контактираш за твојот број да биде додаден на листа на блокирани контакти.
За повеќе информации за тоа како ги обработуваме податоците на оние кои не се корисници, прегледај ја оваа статија.