Астролошки режим е режим достапен на корисниците на Android и iOS на одредени пазари.
Астролошкиот режим (заснован на западната астрологија) користи низа информации, како што е твојот хороскопски знак, за да ти покаже други корисници со компатибилни астролошки знаци. Ќе ги користиме информациите што ќе ги дадеш за да ја одредиме твојата астролошка поставеност (Месечина, Подзнак или Сонце). Потоа ќе ти ги покажеме корисниците (врз основа на твоите подесувања за Пронаоѓање), сите со информации прикажани на нивниот профил во врска со нивната поставеност и како вашите поставености се потенцијално компатибилни.
Пристап до Астролошки режим
Доколку Астролошкиот режим е достапен за тебе, ќе го видиш копчето во форма на апче за „Астрологија“ на твојот екран за Пронаоѓање. Ако ти се достапни повеќе режими, можеби ќе треба да листаш низ режимите за да го најдеш Астролошкиот режим.
- Отворете го Tinder
- Допри на картичката Пронаоѓање
- Најди го копчето во форма на апче за „Астрологија“ и допри за да влезеш во Астролошки режим
Користење на Астролошки режим
Кога за првпат ќе влезеш во Астролошки режим, ќе треба да внесеш некои податоци за твоето раѓање (место и време на раѓање) за да се одреди твојата поставеност. Додавањето повеќе информации ќе ја направи пресметката попрецизна. Доколку одбереш да не внесеш некои информации (како што е времето на раѓање), имај предвид дека тоа може да влијае врз точното одредување на твојата поставеност.
Твојот датум на раѓање ќе биде автоматски пополнет врз основа на твоите податоци за регистрација. Датумот на раѓање не може да се промени по регистрацијата, повеќе информации можеш да најдеш тука.
Забелешка: Твоите информации за раѓање се приватни. Ќе се користат за пресметување на твоите знаци и нема да им се прикажуваат на други корисници.
Откако ќе ја добиеш твојата поставеност и ќе дознаеш повеќе за тоа што ова значи за тебе, ќе почнеш да гледаш кратки информации за твојата компатибилност со другите корисници во Астролошки режим.