Делот Истражи е колекција од искуства кои им се достапни на корисниците на Android и iOS ширум светот. Делот Истражи на корисниците им нуди можност да свајпаат и да се спојуваат со корисници кои имаат слични интереси или искуства.
Пристапување до делот Истражи
Можеш да пристапиш до делот Истражи со следење на инструкциите подолу. Ова се однесува и за Android и за iOS:
- Отвори ја апликацијата Tinder
- На долната лента за навигација допри ја иконата Истражи
- Лизгај надолу и пронајди искуство на Истражи по твој избор!
Користење на делот Истражи
Откако ќе допреш на Листата со искуства, ќе ги видиш сите искуства и прозорчиња што ти се достапни. Делот Истражи нуди разновидни искуства од интереси (како храна или музика) до уникатни карактеристики. Исто така има и сезонски прозорчиња или прозорчиња за одредени настани.
Имај предвид: некои прозорчиња се специфични за одредени региони или периоди и може да се променат.
Свајпањето и спојувањето функционира исто во делот Истражи како во делот Пронаоѓање, со корисници избрани според искуството.