Спојувањето со помош на вештачка интелигенција е создадено за да ти помогне да најдеш персонализирани врски врз основа на твоите единствени преференции и интереси. Користејќи ги информациите од твојот Tinder профил, одговорите на прашањата, а по избор и увидите од твоите фотографии од галеријата, спојувањето со помош на вештачка интелигенција избира препораки само за тебе!
Напомена: оваа функција моментално се воведува на одредени пазари и можеби сè уште не е достапна во твојата област.
Започни да користиш спојување со помош на вештачка интелигенција
Започни да користиш спојување со помош на вештачка интелигенција за да добиваш персонализирани Дневни препораки со следење на овие чекори:
За да започнеш да користиш спојување со помош на вештачка интелигенција и да ги видиш твоите Дневни препораки, следи ги овие чекори:
- Допри на иконата Дијамант во горниот десен агол од твојот екран за Пронаоѓање
- Одговори на прашања за да се изберат твоите препораки (ќе треба да ги одговориш само еднаш)
- Согласи се да споделиш Пристап до фотографиите (ова не е задолжително, но овозможувањето на целосен пристап до галеријата може да помогне во идентификувањето на значајните интереси)
- Допри на копчето за да ги откриеш твоите Дневни препораки
Можеш да ги видиш твоите Дневни препораки во секое време со допирање на иконата Дијамант.
Започни да користиш спојување со помош на вештачка интелигенција
Користењето на нашата функција за спојување со помош на вештачка интелигенција не е задолжително! Можеш и без неа да користиш Tinder.
Не е проблем ако ја имаш испробано функцијата, но сметаш дека ти треба пауза. Само не допирај на иконата дијамант во горниот десен агол од твојот екран за Пронаоѓање. Иконата сè уште ќе се појавува, но од тебе зависи дали ќе ја користиш.
Управувај со увидите за Спојување со помош на вештачка интелигенција
Прегледај и управувај со тоа што влијае на твоите Дневни препораки и Центарот за увиди. Таму можеш да ги видиш или отстраниш увидите кои се користат за да се персонализра твоето искуство.
Следи ги чекорите подолу за да пристапиш до твоите увиди:
- Допри на иконата Дијамант во горниот десен агол од твојот екран за Пронаоѓање
- Допри на Истражи ги моите увиди
- Погледни ги сите увиди генерирани од прашањата на кои што имаш одговорено
- За да избришеш некој од твоите увиди, допри на Увидот што сакаш да го избришеш и потоа допри на Избриши
Ако имаш избрано да овозможиш тагови за фотографиите во галеријата, и овие податоци ќе влијаат на твоите увиди. Можеш да дознаеш повеќе за тоа како да управуваш со таговите за фотографиите во галеријата тука.
Како ги користиме твоите податоци за спојување со помош на вештачка интелигенција
Спојувањето со помош на вештачка интелигенција генерира увиди за тебе и за тоа што го бараш, до коишто имаш пристап и можеш да управуваш со нив во кое било време, како што е опишано во делот горе. Овие увиди се генерираат врз основа на информациите и активноста на твојот профил на Tinder, начинот на кој одговараш на прашања и—доколку ги имаш овозможено—таговите за фотографиите во галеријата. Овие увиди потоа се употребуваат за да се генерираат поперсонализирани препораки за тебе.
Прегледај ја нашата Политика на приватност за да дознаеш повеќе за тоа како ги користиме податоците. Можеш да го посетиш и нашиот Центар за помош за да дознаеш како да побараш копија од твоите податоци.
Повеќе помош
Ако ти треба повеќе помош со функцијата за спојување со помош на вештачка интелигенција, пиши ни повеќе детали и со задоволство ќе ти помогнеме.